Колачиња со кокос и карамел

Потребно е:
за тестото:
125 гр путер
50 гр шеќер
1 ванилин шеќер
1 лажица кисела павлака
1 јајце
100 гр кокос
150 гр остро брашно
1 лажиче прашок за печиво

за карамел-кремот:
200 мл слатка павлака
1 лажиче екстракт од ванила
200 гр шеќер
неколку зрна сол

1 белка
кокос
100 гр чоколадо за готвење
1 лажиче масло

 

Подготовка:

Замесете го тестото. Путерот на собна температура изматете го со киселата павлака, шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцето. Додадете ги кокосот и брашното со прашокот за печиво во него и замесете тесто. Замотајте го во пластична фолија и ставете го да стои во фрижидер околу еден час. За тоа време направете го кремот од карамел. Кондензираното млеко заедно со шеќерот и путерот ставете ги да се варат на средна температура 50-ина минути за малку да се згуснат. Промешувајте повремено за да не ви се залепи смесата на дното. Тргнете го садот на страна. Тестото извадете го од фрижидер и со рацете откинувате од него парчиња и формирајте топчиња. Топчињата потопете ги во благо изматена белка од јајце и потоа валкајте ги во кокос.

Топчињата распоредете ги на тава обложена со хартија за печење, а потоа со крајот на дрвена лажица притиснете им ја средината. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 Целзиусови степени. По 10-ина минути, извадете ги од рерната и уште еднаш притиснете им ја средината. Средината наполнете ја со кремот од карамел. Растопете го чоколадото со 1 лажиче масло и со ова на крај украсете ги колачињата.

Scroll to Top