Неодоливо вкусни колачиња со порака

Сега овие колачиња можете да ги направите и вие дома. Тоа би било одличен начин да ги изненадите пријателите за време на заедничкиот ручек или вечера. Прво, испечатете ги пораките по ваша желба, љубовни, мотивациски, смешни или обични па исечете ги.

Кои состојки ви се потребни за колачите:

2 белки
1 лажичка сок од лимон (по желба може да ставите екстракти од кафе, ванила или јагода)
3 лажици растително масло за јадење
8 лажици брашно
1/2 лажичка сол
8 лажици шеќер
3 лажици вода

Подготовка: Во сад нежно изматете ги белките, лимоновиот сок и маслото (да не бидат цврсто изматени). Во друг сад измешајте ги брашното, солта и шеќерот и додадете ја водата. Оваа смеса со брашно додадете ја во смесата со белките и мешајте со виљушка додека не добиете еднолична маса.

Смесата треба да биде компактна. Ако ви е премногу ретка, додадете уште малку брашно.

Во тавче прекриено со хартија за печење, со лажица ставајте од смесата и потоа измазнете ги малите палачинки за да имаат тркалезен облик.

Печете 15 минути (ова зависи од рерната) додека палачинките не почнат сами да се одвојуваат од страните. Откако ќе се испечат треба да работите брзо. Извадете ги палачинките, ставете ја претходно исечената порака на средина на палачинката и преклопете ја на половина. Потоа, доближете ги краевите на колачето (но не дозволувајте да се допираат) и наредете ги во калап за мафини да се сушат. Оставете ги неколку часа да се исушат убаво.

Можете да го погледнете и видеото

Scroll to Top