Крофни по рецептот на баба

Крофни со прав шеќер, полнети со џем или чоколаден крем, подготвени по рецептот на нашите баби.

Потребни состојки:

750 гр брашно

100 мл масло

4 лажици шеќер

1 јајце

1 жолчка

500 мл млеко

40 гр свеж квасец

малку сол

масло за пржење

1 ванилин шеќер

шеќер во прав за посипување

 

Начон на подготовка:

Квасецот растопете го во 100 мл млако млеко со малку шеќер и малку брашно во него. Оставете го на топло место да нарасне. Во меѓувреме изматете ги јајцата со остатокот од млекото, шеќерот и малку сол. Додадете го стасаниот квасец, па додадете ги брашното и маслото со постојано мешање со дрвена лажица. Тестото оставете го да стои на топло место додека двојно не нарасне. Потоа развлечете го со дебелина од околу 1 см и со чаша или модла вадете крофни. Оставете ги да стојат уште половина час, а потоа пржете ги во врело масло. Готовите крофни посипете ги со шеќер во прав во кој сте го измешале ванилиниот шеќер.

Scroll to Top