Лепчиња без глутен

Потребни состојки:

250 мл топло млеко
1 мала лажичка шеќер
1 кесичка сув квасец
300 гр безглутенско брашно микс Б
100 гр брашно од леблебија
1 мала лажичка сол
2 супени лажички маслиново масло
150 мл млака вода
сусам
малку масло

Начин на подготовка:

Стевете го квасецот во топлото млеко со шеќер и една лажичка брашно. Оставете го да стаса. Во садот за месење тесто ставете брашно (измешаното безглутенско и од леблебија), сол и масло. Ставете го надојдениот квасец и млаката вода, потоа со миксер со метални маталки за тесто матете 5-7 минути да се соедини. Тестото треба да е меко и лепливо. Покријте го тестото со фолија и крпа за да надојде. Вака подготвеното тесто поделете го на 8 дела. Од сите 8 дела со замастени раце формирајте лепчиња во форма на топчиња. Потоа наредете ги во плех и покријте ги со фолија уште 20 минути. Загрејте ја рерната на 190 степени.  Пред да ги печете премачкајте ги со млеко и ставете им сусам. Печете ги на 180-190 степени. Вака подготвените лепчиња ќе бидат меки внатре, а крцкави од надвор.

Scroll to Top