Мафини со јаболка и цимет

Потребни состојки:

200 гр брашно
140 гр шеќер
1 лажиче цимет
2 лажичиња прашок за пециво
малку сол
1/3 чаша (од 200 мл) масло
1 јајце
1/2 чаша полномасно млеко
1 јаболко, изрендано
1 јаболко, исечкано на коцкички

За посипување:
1/2 шолја ситни овесни снегулки
2-3 лажици кафеав шеќер
1 лажиче цимет
2-3 лажици путер

Начин на подготовка:

Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, солта и прашокот за пециво. Во друг сад изматете ги маслото, млекото и јајцата. Полека додавајте ја оваа смеса кај сувите состојки и мешајте со дрвена лажица. Додадете го изренданото јаболко, а потоа и јаболкото исечкано на коцки, па измешајте. Во калап за мафини ставете хартиени корпи. Со смесата наполнете 1/3 од книжните корпички.

Подгответе ја смесата за посипување. Измешајте ги овесните снегулки, шеќерот и циметот и додадете го путерот исечкан на коцки. Со раце замесете ја смесата додека да добиете трошки. Овие трошки посипете ги над смесата во корпичките. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени 20-25 минути.

Scroll to Top