По црното и белото – розово чоколадо

По 80 години е создаден нов вид чоколадо со природна боја. Компанијата создавач „Бери Калебо“ го развиваше цели 13 години.  По трите вида чоколадо – млечно, бело и црно, швајцарската кондиторска компанија го претстави чоколадото „руби“. Тоа е розово, има овошен вкус сличен на бобинки, крем-текстура и е направено од природна боја.

Компанијата го претстави производот во Шангај и истакна дека не се употребени вештачки арома и боја, туку дека се користени семките на какаото руби, кое може да се најде на Еквадор, во Бразил и на Брегот на Слоновата Коска.

„Тоа е природно, во живописна боја, хедонистичко, создадено да задоволи, но ја има автентичноста на чоколадото“, велат од компанијата.

Scroll to Top