Појадокот на Џенифер Анистон кој не дебелее

Џенифер Анистон ги откри четирите намирници кои ги јаде секој ден и секогаш ги има во ладилникот, а сега на ред е и појадокот со кој го започнува денот.

Во едно интервју ја откри својата утринска рутина:

„Кога ќе се разбудам, пијам топла вода со лимон. Потоа јадам јајца со авокадо. Тоа е мојот фаворит,“ тврди Анистон.

Јајцата и авокадата се одлична утринска комбинација бидејќи ви даваат доволно енергија за почеток на денот.

Предност е што може да ги консумирате во повеќе облици, па нема да имате чувство дека секој ден појадувате едно исто.

Можете да направите пире од авокадо, да го насечкате на парчиња или на коцки и да го зачините. Јајцата може да бидат тврдо варени, полу варени или пак во облик на кајгана.

Може да комбинирате со интегрален леб, други зеленчуци и зачини. Важна е основата.

Scroll to Top