Посен бурек по турски рецепт

Бурек во посна варијанта, со еднакво добар вкус како и мрсниот.

Потребни состојки:

500 гр спанаќ, блитва, компир… (по желба)
1 главица кромид
сол
бибер
300 мл вода
брашно по потреба
масло

Начин на подготовка:

Кромидот испржете го, па додајте добро зготвен и исечкан спанаќ. Зачинете по вкус и динстајте уште неколку минути. Замесете тесто од 300мл вода, сол и брашно по потреба. Тестото не треба да биде премногу тврдо. Оставете го тестото да одмара половина час. Поделете го на четири еднакви кори, ставете масло и оставете ги да отстојат еден час. Потоа развлечете ја првата кора што потенко, пропрскајте со масло и склопете ја од сите четири страни, така што ќе добиете коцка. Развлечете ја втората кора, исто така да биде тенка, па посипете со масло. Потоа ставете ја првата кора и свиткајте ја другaта. Третата кора исто така развлечете ја, пропрскајте со масло, додајте фил, папреклопете. Истата постапка повторете ја и со четвртата кора. Печете во рерна на 200 степени околу половина час.

Scroll to Top