Проја со карфиол

Потребни состојки

1 средно голема главица карфиол
50 мл. зејтин
2-3 чешниња лук
малку сол, толчен бибер

За тестото:

2 поголеми јајца
4 до врв полни лажици брашно
4 до врв полни лажици лебни трошки
50 мл. зејтин
по вкус мелен бибер, сол, магданос
12 лажици млеко
1 полна лажица пециво
50-60 гр. рендано сирење

Начин на подготовка:

Измиениот карфиол поделете го на цветчиња, подсушете го, посолете, ставете бибер и ситно сечкан лук. Полијте со 50 мл. зејтин и ставете да се потпече во претходно загреана рерна додека да омекне и добие црвена боја. Тргнете го настрана да остине. Во длабок сад измешајте ги брашното, лебните трошки, солта, биберот и пецивото. Со миксер или жица кратко изматете ги јајцата со зејтинот, потоа ставете половина од измешаното брашно, па додадете половина од млекото. Кога ќе добиете мазна смеса додајте го остатокот од брашното и млекото, па додадете го ренданото сирење. Во тава во која претходно сте ставиле хартија за печење, истурете дел од тестото, наредете врз него карфиол, па додајте го остатокот од тестото. Покријте го со магданос и печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

Scroll to Top