Путер погача

Потребни состојки:

20 гр свеж квасец
200 гр кисело млеко
100 мл млака вода
2 лажичиња шеќер
1 лажиче сол
3 јајца
2 жолчки
750 гр бело брашно
200 гр путер

Начин на подготовка:
Во еден сад разматете го квасецот во вода и додадете шеќер. Садот ставете го на топло и оставете го да стаса. Изматете го путерот и оставете го на страна. Во подлабок сад ставете го брашното и додадете ги киселото млеко, јајцата, жолчките, солта, и на крај стасаниот квасец. Со миксер замесете тесто. Тестото покријте го со крпа и оставете го на топло место за да нарасне, околу 1 час. Потоа ставете го на набрашнета работна површина и посипете го со брашно. Повторно премесете го и поделете го на 6 делови. Секој дел премесете го и со сукало развлечете го во форма на круг и дијаметар 30-35 см. Секој круг премачкајте го со путер и наредете ги еден преку друг. Последниот круг не го премачкувајте со путер. Повторно со сукало истенчете ги, со дијаметар 45-50 см и исечете ги на 16 триаголници. Секој триаголник замотајте го како кифличка.

Тавата со дијаметар од 26см премачкајте ја со путер и посипете со брашно. Наредете ги кифличките една до друго по краевите на тавата. Потоа сите празни места исто пополнете ги со кифлички. Оставете да стои 20-тина минути, потоа погачата премачкајте ја со разматени белки и посипете со црн и бел сусам.

Печете во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути.

Scroll to Top