Сите деца го обожаваат: Брз и вкусен пудинг од леб и овошје

Овој пудинг потекнува од Англија и е едноставен освежувачки летен рецепт кој се подготвува неколку часа пред да го јадете и се чува во фрижидер – бел леб потопен во шумско овошје и оставен во фрижидер за да добие облик на пудинг.

Состојки:

  • 10 парчиња бел леб
  • 500 грама мешано овошје
  •  2 супени лажици шеќер
  • 100 милилитри вода

Подготовка

Чекор 1: Од парчињата бел леб извадете ги корките и исечете ги дијагонално на половина.

Чекор 2: Ставете ги овошјето, шеќерот и водата во тава и загревајте додека убаво да се спојат.

Чекор 3: Во длабокиот сад ставете проѕирна фолија во две насоки за после полесно да го извадите пудингот.

Потопувајте го лебот во сокот и редете го по ѕидовите на садот да формирате круг и потоа ставете го овошјето да го пополните внатрешниот дел.

Чекор 4: На крајот наредете еден слој леб за да го затворите пудингот, завиткајте го убаво со фолијата и ставете го во фрижидер најмалку 3-4 часа или цела ноќ доколку имате можност.

Чекор 5: За да го послужите, извадете го долниот дел од фолијата, потоа свртете го пудингот на чинија и отстранете ги и другите делови фолија. Исечете го како торта и одозгора декорирајте со шлаг.

Scroll to Top