Скопјани ќе учат естонски рецепти

На 14 септемви во Скопје започнува манифестацијата Денови на естонската кујна. Врвниот готвач од Талин, Лори Томингас, кој е речиси 20 години во кулинарството, ќе го доближи вксуот на естонската кујна во Скопје. Настанот ќе се одржува во ресторанот „Дистрикт“ во хотелот „Мериот“, а посетителите ќе може да уживаат во вкусот на естонската кујна, но и да научат некој естонски рецепт.

На менито на ресторанот ќе се најдат необични деликатеси: димен сом со кавијар од пастрмка, супа од цвекло и суво грозје, говедски образи со глазура од десертно вино, свинско маринирано со сенф и смрека, како и несекојдневни десерти со разни бобинки. Ќе има и  богат избор на сирења од Аркна, едно од најавтентичните села во Естонија.

„Разните вкусни, но и чудни и непознати јадења, ми помогнаа подобро да ја разберам храната, вистинската вредност на квалитетните состојки и како тие се одгледуваат и користат од разни луѓе во разни делови од светот“, вели Лори Томингас.

Низ годините професионално искуство работел и како главен готвач во повеќе ресторани, а денес е сопственик и главен готвач на ресторанот „Рис“ во Талин, кој нуди вкусна, но едноставна азиска храна..

„Да се биде готвач не е само работа, туку страст и животен стил и токму оваа девиза ме водеше речиси 20 години“, додава познатиот готвач.

Настанот ќе трае до 21 септември.

Scroll to Top