Смути – Напивка за витко тело и енергија

Зелените сокови и смути-шејкови веќе неколку години се апсолутен хит во светот. Иако на прв поглед не делуваат највкусно, нивните позитивни ефекти ќе ве натераат да ги засакате и вие.

Речиси нема позната, славна жена што не го практикува како секојдневна навика, а повеќето од витките дами заслугите му ги препишуваат на овој специјалитет.

Се работи за сокови составени од зелен, лиснат зеленчук и малку овошје.

Тие имаа благотворно дејство на луѓето кои се мачат со вишок килограми, повишен холестерол или недостиг на енергија затоа што зелениот лиснат зеленчук содржи големи количини железо.

Рецепт што може да го испробате:

  • 5 свежо исчистени листови кељ
  • 1 излупен лимон
  • 1 исчистено јаболко
  • 2,5 cm корен од ѓумбир
  • неколку листови свежо нане

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер заедно со 120ml ладна вода. Мешајте додека не добиете густа смеса.

Scroll to Top