Студени коцки со афион

Потребно е:

за кората:
7 белки
60 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
150 гр мелен афион
50 гр нишесте
2 лажици прашок за печиво
200 мл млеко

за кремот:
7 жолчки
90 гр шеќер
100 гр нишесте
1 л млеко
250 гр путер
50 гр шеќер во прав
1/2 л слатка павлака
1 кесичка шлаг фикс

Подготовка:
Изматете ги белките во густ шлаг, додадете ги шеќерот, ванилиниот шеќер и матете додека шеќерот не се растопи. Додадете ги мелениот афион и другите состојки. Полека со дрвена лажица мешајте за да се спојат сите состојки. Смесата истурете ја во намрсена тава со димензии 40х24 см и ставете да се пече во загреана рерна на 180 Целзиусови степени 20-ина минути. Печеното бисквитно тесто оставете го малку да се излади и потоа прелијте го со 200 мл топло млеко. Во сад ставете ги жолчките, шеќерот, нишестето, 100 мл ладно млеко и убаво измешајте за да добиете смеса без грутчиња. Остатокот од млекото ставете го да се вари на рингла. Кога ќе почне да врие, во него додадете ја подготвената смеса и варете додека не се згусне со постојано мешање. Посебно изматете ги путерот и шеќерот и додадете ги во изладениот крем. Кремот рамномерно распоредете го на кората. Изматете ја слатката павлака и пред крајот на матењето додадете го шлагот фикс. Вака подготвениот шлаг нанесете го над кремот и потоа колачот ставете го во фрижидер убаво да се излади.

Scroll to Top