Тиквички со сирење

Ова топло предјадење се подготвува брзо и лесно.

Потребни состојки:

2 тиквички
250 гр фета сирење
2 јајца
150гр брашно
вегета
100 гр шери
маслиново масло
сол

Начин на подготовка:

Измијте ги, излупете ги и исечете ги тиквичките на тенки ленти по должина, па посолете ги. Изматете ги јајцата. Посолените тиквички извалкајте ги во брашно, па ставете ги во изматените јајца. Пропржете ги на врело масло од двете страни за да поруменат.

Сирењето исечете го на правоаголници. Во секоја похувана тиквичка ставете по едно парче сирење, па свиткајте ја во ролна. На стапчиња за раженчиња наредете по пет тиквички, а на врвот на стапчето ставете по едно шери. Послужете ги топли.

Scroll to Top