Веган чоколаден колач

Потребни состојки:

1 чаша (од 250мл) пченично бело брашно

1 чаша пченично интегрално брашно

1/4 чаша какао во прав

1 лажиче сода бикарбона

прстофат сол

1 чаша шеќер во прав

1 чаша свеж сок од портокал

1/4 чаша масло

1 лажица јаболков оцет

1 ванилин шеќер

малку рендана кора од портокал

2 портокали (ситно сечкани)

2 лажици мармалад

околу 120гр чоколадо

шеќерни топчиња

 

Начин на подготовка:

Во еден сад ставете ги сите суви состојки, па додајте ги сокот од портокал, маслото и оцедот. Убаво изматете.  Додадете ја изренданата кора од портокал и ситно сечканите портокали и измешајте убаво. Смесата ставете ја во тава обложена со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. Печениот колач извадете го од калапот и оставете да се излади. Премачкајте го со мармаладот. Чоколадото растопете го на пареа, па прелијте го над мармаладот, па украсете го со шеќерните топчиња. Кога ќе се стегне чоколадото, исечете го колачот на парчиња и послужете.

Scroll to Top