Вкусни домашни тулумби

Потребни состојки:

Состојки за тесто:
400 милилитри вода
6 лажици масло
250 грама брашно
5 јајца

Состојки за шербет:
800 грама шеќер
400 милилитри вода
1 лимон исечен на парчиња

Начин на подготовка:

Загрејте вода. Откако ќе зоврие, полека додавајте го брашното и постојано мешајте, додека смесата
згусне и да почне да се одвојува од садот. Тргнете го садот од оган и оставете ја смесата да се олади на собна температура. Во изладената смеса додавајте едно по едно јајце и месете ја со раце.

За да го подготвите шербетот, ставете ги водата и шеќерот во сад и оставете ги да провријат за шеќерот да се растопи. На крај додадете го лимонот и оставете шербетот да се олади на собна температура.

Во длабок сад загрејте масло на висока температура и со помош на шприц за декорирање истискајте ја претходно подготвената смеса во вид на тулумба. Во топлото масло тулумбите сами ќе се завртат. Извадете ги кога ќе добијат златно-жолта боја, па жешки ставете ги со ладниот шербет. Кога сите тулумби ќе бидат готови, полијте ги со остатокот од ладниот шербет.

Scroll to Top