Здравствени придобивки од кромидот

Кромидот, содржи околу 150 корисни состојки, додека етеричните масла и органската, лимонската и јаболковата киселина му даваат карактеристичен мирис.

Исто така, содржи и голема количина на провитаминот А, витамините Ц и Б, како и минералите калиум, натриум, калциум, магнезиум и железо. Кромидот се препорачува и за дијабетичарите, затоа што содржи виско количество на растителен хормон, кој делува слично како и инсулинот.

Ја подобрува работата на срцето бидејќи го зголемува кровотокот низ крвните садови и со тоа го намалува холестеролот. Го намалува високиот крвен притисок, помага при регенерација на крвните клетки па затоа се користи и во поблаги форми на анемија. Делува на дишните патишта, бидејќи лесно ги отвара алвеолите. Токму поради ова е познат и како народен лек против настинка, било во вид на сируп или облоги.

Scroll to Top