Избегнувајте шеќери и слатки на празен желудник

Се чини дека подобро е да се почека со сокот од портокал додека не изедете вистински појадок. Според истражувањата, пиењето овошен сок на празен желудник го надвладува дигестивниот систем. Резултатите од американската студија подразбираат дека тоа може да ги вознемири добрите бактерии во вашиот желудник.

Научниците утврдиле дека овошниот сок содржи многу фруктоза, а овој шеќер бргу доаѓа до тенкото црево кога ќе се испие.

Во утринските часови тенкото црево не може да обработи големи количини фруктоза по периодот на постењето, што значи дека шеќерот во пијалаците, како што е сокот од портокал, ќе влезе во дебелото црево.

Кога тоа ќе се случи, фруктозата ќе дојде во допир со добрите бактерии, кои нема да може да го обработат шеќерот.

Иако резултатите од студијата не можеле да бидат потврдени дали тоа е поврзано со негативното влијание на здравјето, истражувачите имаат впечаток дека тоа е можно.

Како е спроведено проучувањето.

Во студијата, која е објавена во списанието Cell Metabolsm, истражувачите ги хранеле глувците со смеса на фруктоза и гликоза во однос 1:1.

Потоа набљудувале како шеќерите се обработуваат во дигестивниот тракт на животните.

Додека претходните истражувања покажале дека црниот дроб го прочистува шеќерот, налозите за оваа неодамна направена студија покажува дека над 90 отсто од фруктозата се вари во тенкото црево.

Резултатите исто така покажуваат дека тенкото црево може да ја обработи фруктозата, но само ако се зема по оброкот.

Професорот Џошуа Рабиновитц, автор на студијата од Универзитетот „Принстон“, изјавил:

„Гледаме дека хранењето на глувците по примањето на шеќерот ја зголемува способноста на тенкото црево да ја одработи фруктозата и да ги заштити микробите од шеќер“.

Истражувачите заклучиле дека резултатите од студијата се во согласност со најстариот совет на светот, ограничете ги слатките на умерени количини по јадењето.

Научниците потоа ги предупредиле луѓето да се воздржат од земање премногу слатки по оброците.

 

 

 

 

Scroll to Top