Корен кој го чува црниот дроб и срцето

Иако често се меша со коренот од магдоносот, пашканатот е сосема поинаков зеленчук и има бројни благотворни својства.

Станува збор за двегодишна билка богата со етерични масла, минерали, влакна и витамини како што се Б, Ц и Е. Пашканатот е еден од најпознатите билни извори на калиум и го штити здравјето на срцето, белите дробови и бубрезите.

Пашканатот е добар диуретик и го забрзува исфрлувањето на водата од организмот. Благотворно делува и на крвниот притисок, крвните садови, грчевите во стомакот, зголемената телесна температура и проблемите со системот за варење.

Можете да го користите цел – од коренот до листовите. Најчесто се користи коренот, кој се додава во супите и варивата на ист начин како морковите, а листовите можете да ги користите токму како и листовите од магдоносот.

Чувајте го во фрижидер во пластична кесичка од која претходно сте го отстраниле воздухот.

Scroll to Top