Откријте ги раните симптоми на дијабетес

Дијабетес тип 2 може да предизвика сериозни здравствени компликации, на пример откажување на бубрег и слепило. Тој го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. Но, дури 30 отсто од луѓето со оваа болест не се свесни дека ја имаат.

На кои симптоми треба да обрнете внимание?

Зголемена жед и често мокрење. Како што вишокот шеќер се вградува во крвотокот, така течноста се повлекува од ткивото. Поради тоа сте пожедни од вообичаено. Како резултат ќе консумирате повеќе течности и ќе уринирате повеќе од вообичаеното.

Зголемен глад. Без доволното количество инсулин за шеќерот да се пресели во ќелиите, вашите мускули и органи ќе останат без енергија. Тоа предизвикува интензивен глад.

Губење на тежината. Иако јадете повеќе од вообичаено, сепак може да се случи да загубите дел од тежината. Без способноста да ја користи гликозата, телото ги користи алтернативните горива кои се наоѓаат во мускулите и салото. Калориите се губат, а вишокот гликоза се наоѓа во урината.

Замор. Кога клетките се лишени од шеќер, ќе се чувствувате уморно и нервозно.

Заматен вид. Ако шеќерот во крвта е премногу висок, од леќите во очите се повлекува течноста. Тоа ќе влијае на способноста за фокусирање на видот и ќе предизвика заматување.

Рани кои бавно заздравуваат или чести инфекции. Дијабетес тип 2 влијае на способноста на заздравувањето и отпорноста на инфекции.

Области со темна кожа. Некои лица со дијабетес тип 2 имаат темни дамки, рапава кожа во набори под пазувите и вратот. Таа состојба, наречена акантоза нигрикан, може да биде знак на инсулинска резистенција.

Ако забележите некој од овие симптоми, веднаш посетете лекар.

Scroll to Top