Отстранете ги маснотиите од организмот на природен начин

Со помош на овој напиток лесно ќе ги отстраните вишокот маснотии од организмот. Напитокот се пие пред јадење обилни оброци или за време на диета, а се подготвува со целер и лимон.

Потребни се 400гр целер и 1кг лимон. Изрендајте го целерот, ставете го во 2 литра вода и во него изрендајте малку кора од лимон. Нека се вари околу 20 минути, па оставете го да се олади 5-6 часа. Во друг сад исцедете 1 кг лимони и  сокот додајте го во претходно превриениот целер. Процедете го сето тоа и ставете го во фрижидер.

Напитокот пијте го три пати дневно. Пијте околу 100мл, а доколку ви е кисел можете да додадете уште 20мл вода. Напитокот чувајте го цело време во фрижидер.

Кога ќе ги споите овие две состојки добивате одлична напивка којашто ќе ви помогне за чистење на организмот и зајакнување на имунитетот.

 

Scroll to Top