Природни начини да се ослободите од целулитот

Речиси сите жени се соочуваат со целулитот на телото. Тој се појавува поради дебаланс на ткивото и салото во телото. Како причини за добивање целулит се споменуваат хормоните, диетите, начинот на живеење и генетиката. Сепак, постојат некои од триковите што ќе ви помогнат да го намалите целулитот.

Четкање на сува кожа

Овој метод помага за стимулирање на крвта и лимфниот проток во телото на тој начин што ги отвора порите на кожата. Иако не е научно докажано, овој метод ја затегнува кожата и помага при обнова на клетките. За да се постигнат максимални резултати, овој метод треба да се практикува барем еднаш во денот на сува кожа.

Јадете желатин

Овој лек не е погоден за вегетаријанците, но за другите е одличен. Покрај негата на кожата, ноктите и растот на косата, желатинот е одличен извор на колаген, кој исто така ја затегнува кожата. Бидејќи количеството колаген е преголемо за да го апсорбира кожата, користете кокосово масло.

Пијте вода

Многу луѓе не ја внесуваат потребната доза од 8 чаши вода на ден. Водата помага при регенерирање на клетките на кожата, помага таа да изгледа свежо и обновено. Водата ќе го намали целулитот преку измазнување на површината на кожата. Јадете храна што содржи вода, како лубеница, краставица, диња.

Јадете домати и сос од домати

Доматите содржат големо ниво на ликопен, кој го спречува исчезнувањето на колагенот од кожата. Сосот од домати направете го сами. На овој начин избегнувате внесување на отровот бисфенол А (БПА) во организмот.

Пилинг со талог од кафе

Пилингот со кафе помага да се измасира и измазни кожата. Притоа ги стимулира крвта и лимфниот проток. На овој начин се затегнува кожата и се отстранува несаканиот целулит. За видливи резултати, потребно е да ја триете својата кожа со кафе два-три пати неделно.

Scroll to Top