Спиењето со чорапи е добро за здравјето

Според истражувањата, спиењето во чорапи има бројни придобивки за здравјето. Без разлика дали ви е удобно или не, станува збор за здрава навика. Тоа, сепак, не треба да се чорапите што ги носите во текот на денот за да не внесете бактерии на постелнината.

Ако носите чорапи додека спиете, вашето тело ќе воспостави правилна телесна температура, а ќе го одржува функционирањето на мозокот на оптимално ниво. Спиењето со чорапи е корисно оти помага побрзо да заспиеме. Според некои истражувања, луѓето што носат чорапи на нозете заспиваат 15-тина минути побрзо од оние што спијат боси. Тие спијат подолго и поквалитетно, а имаат и поголема концентрација и способност за памтење во текот на целиот следен ден.

Спиењето со чорапи придонесува да се спречат напади кај оние што страдаат од Рајнаудова болест. Оваа состојба се карактеризира со студени прсти на рацете и нозете.

Ако спиете со чорапи, докторите советуваат да внимавате на следниве неколку работи. Секогаш облекувајте чисти чорапи пред легнување за да избегнете внесување бактерии со вас во кревет. Водете сметка за хигиената на нозете, добро измијте ги и исушете ги пред спиење. Чорапите треба да бидат направени од природни и тенки материјали, и не премногу тесни, за да си овозможите циркулација на крвта и проток на воздух.

Scroll to Top