Треба ли да го исфрлите шеќерот од исхраната?

Исфрлањето на шеќерот од исхраната има бројни здравствени предности, а слабеењето, односно намалувањето на ризикот од нездрава дебелина е само една од нив.

Губење сало од стомакот

Доколку сакате да се решите од салото на стомакот, храната богата со шеќери треба да ја замените со храна богата со влакна.

Зголемена енергија

Кога јадете нешто благо или пиете кафе чувствувате налет на енергија, по што следува остар пад. Доколку наместо тоа јадете храна богата со здрави масти и протеини, кои бавно согоруваат, би имале енергија цел ден.

Намалена желба за благо

Што повеќе јадете благо,  повеќе ќе сакате  да го правите тоа и обратно.

Подобра работа на срцето

Консумирањето  големи количини шеќер предизвикува собирање  лош холестерол, што може да доведе до разни срцеви заболувања.

Намален ризик од дијабетес

Што помалку шеќер во организмот, тоа се помали шансите за заболување од дијабетес

Подобар фокус

Исхраната богата со шеќер може негативно да влијае на концентрацијата, да ги наруши функциите на мозокот и да ги зајакне симптомите на депресија.

Намалување на надуеноста

Иако надуеноста обично се поврзува со солена храна, поради натриумот,  кој влијае на задржувањето на вода во телото, надуеност може да се појави и поради претерана консумација на шеќер.

Подобар сон

Американската Национална агенција за сон објави дека постои врска помеѓу лошиот сон и прекумерната консумација на шеќер во текот на денот. Може да спиете доволно, но, сепак, да се чувствувате исцрпено.

Подобар изглед на кожата

Шеќерот лошо влијае на колагенот, што е важен за младолик изглед.

Раст на мускулите

Неколку научни истражувања го поврзуваат губењето на мускулната маса кај постарите лица со рафинираниот шеќер, кој спречува синтетизирање на белковините во мускулите.

Scroll to Top