Третмани со мед и лимон за чистење и хидратација на лицето

Како резултат на сончевите зраци, нечистотијата и неправилната исхрана, лицето претрпува многу
непосакувани промени како што се акните, црвенилото, иритацијата, брчките и хиперпигментацијата.
Затоа на кожата и е потребна секојдневна нега.

Кога сме кај тоа, ви претставуваме 2 третмани со мед и лимон за природна нега на лицето. За чиста и хидрирана кожа!

На состојбата и изгледот на кожата може да делувате и однадвор со тоа што ќе ги промените животните навики и ќе ја негувате кожата со помош на природни препарати. На сите им е добро познато дека лимонот помага во детоксикацијата на црниот дроб, бидејќи изобилува со витамин Ц.

Овој витамин е вистински сојузник на убавината на лицето. Па затоа, секое утре практикувајте да се напиете по една чаша вода со свежо цеден лимонов сок, а резултатите ќе бидат видливи многу брзо. Брчките ќе бидат помалку изразени, а темните дамки и флеки ќе избледат, па вашата кожа ќе добие здрав и убав изглед.

Позитивните ефекти може да ги забележите без разлика дали имате масна или сува кожа. Лимонот исто така, се користи и како основа на многу природни производи за нега на лице.

Гел со лимонов сок за чистење на лицето

Состојки:

  • сок од лимон
  • мед
  • гел од алое
  • вода.

Начин на подготовка и употреба:

1. Во чист сад промешајте малку сок од лимон, мед, гел од алое и вода. Количината на состојките прилагодете ја според вашите потреби.

2. Со овој гел плакнете го лицето секое утро.
Хидратантен третман за лице со лимон и мед
Состојки:

  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица маслиново масло.

Начин на подготовка и употреба:

  • Сокот од лимон, медот и маслиновото масло промешајте во чист сад.
  • Вака подготвениот препарат нанесувајте го на чисто лице, особено на сувите делови на кожата и оставете го да делува околу 15 минути.

Потоа, лицето измијте го со млака вода

Scroll to Top