Високопротеинската исхрана е лоша за здравјето како и пушењето

Истражување спроведено од тим научници од Универзитет во Јужна Калифорнија ги објави резултатите во списанието Cell Metabolsm во кои јасно се покажува дека високопротеинската исхрана може да предизвикува речиси двојно поголема смртност кај луѓето во средна возраст. Исто така, може да предизвика четирипати поголема веројатност истите да заболат и умрат од рак.

Истражувањето открива дека луѓето кои јадат храна богата со протеини од животинско потекло имаат сличен ризик да заболат од рак како и оние кои пушат по 20 цигари дневно.

Исхраната која исклучува еден макронутријенат може да функционира во краток рок, но редовно се покажало дека доведува до хронични болести и хронични состојби, а во некои случаи и до прерана смрт.

Водичот на студијата, доктор Валтер Лонго, истакнал дека постојат заблуди за тоа како сите треба да се храниме. Но, се поставува прашањето дали одредена исхрана ви овозможува да бидете здрави во текот на три дена, или истиот начин на исхрана може да ви овозможи да доживеете 100 години.

Постојат еден куп совети од страна на прехранбените експерти, лекари и организации кои даваат најдобри насоки за исхрана со цел да се спречат хроничните болести со помош на слабеењето.

Повеќето од овие информации се темелат на застарени, ненаучни информации или по потреба информации за самопромоција. Во текот на изминатите неколку децении научниците преку своите истражувања укажаа на јасен оптимален пат за здрав живот и долговечност и превенција од  болести.

 

 

Scroll to Top