Дескоска: Ќе го спречиме тонењето на образовниот систем!

Потребни се многу измени во образованието. Ќе бидат преиспитани програмите за настава, како и учебниците во кои има многу небулози и грешки, во кои има говор на омраза и дискриминаторен говор. Учебниците треба да градат поколенија на партиципативни граѓани, а не слепи послушници. Учебниците треба да создаваат граѓани кои ќе знаат дека тие се примарни, а не државата- вели во интервју за Фактор,министерката за образование и наука, Рената Тренеска-Дескоска.

Ресорот образование знаела дека е еден од најтешките во системот, но  била свесна за тоа уште со првиот чекор  на новата  функција. Поразителните политики на ВМРО-ДПМНЕ како што вели  оставија пустош во образованието, за што ќе треба напор прво да се спречи натамошното тонење на образованието, а потоа и време за да се врати квалитетот на наставата и дигнитетот на професорот.

Фактор.мк: Деновиве се случија неколку суштински промени во образовниот процес кои долги години беа рак рана за учениците, студентитете и воопшто квалитетот на образованието. Од укинување на екстерното, дисперзираните студии, регулирање на неплатените сметки за студентските и ученичките домови. Колкава штетa беше направена со овие проекти?

Тренеска-Дескоска: Мене ми е навистина драго што првата мерка на новата Влада беше укинувањето на екстерното тестирање. Многумина не веруваа дека ќе успееме да го укинеме екстерното тестирање за оваа година, но успеавме. Други не веруваа дека сме искрени во намерата за укинување на екстерното и мислеа дека ќе ни биде добредојдено како механизам за контрола врз наставниците. Секоја злонамерна власт тоа би го направила. Но, нам намерите ни се искрени, а критиките што ги упатувавме за екстерното тестирање оправдани. Екстерното тестирање не претставуваше релано мерило на знаењето на учениците, ниту пак доведе до поквалитетно образование. Напротив, го наруши дигнитетот на наставниците и ги направи уште поподложни на закани и притисоци од директорите и власта.

Преиспитувањето на дисперзираните студии јас го најавив уште првиот ден при примопредавањето на функцијата. Втората мерка која ја спроведовме, а која е во насока на подобрување на квалитетот на наставата е укинување на одредени дисперзирани студии. На УКИМ долго време се дискутира за оправданоста и квалитетот на дисперзираните студии. Нивното воведување беше ефтин популизам на ВМРО-ДПМНЕ кој студентите го препознаа и одбија да студираат на овие студии, гледајќи дека студиите на матичните факултети на УКИМ се поквалитетни одошто студиите на дисперзираните. И затоа последните години воопшто и не постоеја дисперзирани студии на факултетите при УКИМ. Како може на пример Машинскиот факултет да обезбеди квалитетна настава во Кавадарци, кога лабараториите, нагледните средства им се во Скопје? И затоа минатата година ниеден студент не се пријавил за дисперзирани студии на Машински факултет во Кавадарци и во Струга. Исто било и во 2015, додека во 2014 за студии во Кавадарци се пријавиле двајца, а за студии во Струга само еден. И секако ним им било понудено да студираат во Скопје. Слична беше ситуацијата и на Економскиот и на Правниот и на другите факултети при УКИМ, кои практично и покрај распишаните конкурси за дисперзирани студии, добија можност да студираат само во Скопје. Ставот на новата Влада е дека нема да ги лажеме студентите. Нема потреба од лицемерно распишување конкурси за кои однапред знаеме дека нема да се реализираат. Решивме да одиме чесно, отворено и реално и да понудиме слободни места на студии за кои има веројатност дека ќе се реализираат.

Фактор.мк: Што првично затекнавте во ресорот, има ли сериозни предизвици на кои приоритетно ќе се работи?

Тренеска-Дескоска:Ресорот образование е еден од најтешките, ако не и најтежок ресор. Бев свесна за тоа кога влегов во него, бев свесна дека поразителните политики на ВМРО-ДПМНЕ оставија пустош во образованието, бев свесна дека ќе треба напор прво да се спречи натамошното тонење на образованието, а потоа и време за да се врати квалитетот на наставата и дигнитетот на професорот. Влегов во министерство за чие работење се водат истраги и од страна на СЈО и од Основното обвинителство за организиран криминал, министерство кое во два наврати во последниве десет години има добиено исклучително негативни ревизорски извештаи. Влегов во ресор кој се соочува со огромни долгови, а опфаќа многу корисници и даватели на услуги. Практично сите сме директно или индиректно клиенти и засегнати од образованието, било како ученици, студенти, родители, работодавци… Практично образованието ги тангира сите, без исклучок. И проблемите во овој ресор се лесно видливи и ги чувствуваат речиси сите.

Исклучувањето на струјата во студентскиот дом Гоце Делчев го вклучи алармот на целата јавност колку е сериозна материјалната ситуација во образованието. Состојбата не е подобра ни во училиштата. Големи се долговите за струја, вода, греење. Лош е квалитетот на храната во студентските и ученичките домови. Со еден збор ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во образованието: како материјален, така и духовен. Огромни штети, тешко поправливи.

Фактор.мк: Како ќе се справувате со силната партизација која изминативе десетина години беше забележана особено во образованието, па наместо да едуцираат наставниците беа загрижени како да го задржат работното место, па дури да реагираат и како партиски послушници на митинзи и протести?

Тренеска-Дескоска: Видовме срамни и недолични однесувања на професори и директори на училишта кои наместо да едуцираат манипулираа со учениците, па ги користеа како партиски пиуни во играта за задржување на власта преку протести, вандализам и дивеење во Парламентот, носење на погребни крстови и сл. Како ќе делувате ова да не се повтори?

Целото интервју – на Фактор.