12 камили елиминирани од натпревар за убавина поради ботокс

Дванаесет камили се дисквалификувани од натпреварот за убавина на фестивалот на камили, кој секоја година се одржува во Саудиска Арабија, бидејќи за нивното разубавување се користел ботокс.

Наградите се високи, со вредност од дури 46 милиони евра, па сопствениците на учесниците често користат контроверзни методи за да дојдат до титулата.

„Користеле ботокс за уста, за горната и долната усна, зуцката, дури и за вилицата“ изјавил Али ал Мазруеи, син на емиратски одгледувач на камили.

Според Мазруеи, со ботоксот се зголемува главата на камилата што е пожелно за да се задоволат стандардите за убавина. Некои дури и им ги извлекуваат усните за да ги направат поистакнати или користат хормони за да ги направат помускулести. Покрај ботоксот, некои камили се фарбани или оперирани за да им се намалат ушите.

Годишниот фестивал на камили на кралот Абдул Азиз е важен настан кој трае еден месец, а се одржува секој јануари на периферијата на Ријад. На фестивалот дефилираат околу 30.000 камили.

Главен критериум при оценувањето на камилите се тенки и мали уши и што поголема муцка, како и општиот физички изглед и положба на грпката. Забрането е да се оперираат камилите за да им се измени обликот на телото или да им се исечат ушите, а забрането е и користење лекови.

Scroll to Top