Белграѓани на трка по гаќи

Во неделата во Белград вторпат се одржа трка во долна облека. Организатор на настанот е Белградскиот тркачки клуб. Учесниците истрчале патека во должина од 1,6 километри, а трката започнала пред просториите на клубот.

Веднаш по завршувањето на трката една од учесничките за медиумите рекла дека трката во долна облека е добра терапија и динамичка медитација. Учесниците на трката трчаа на температура од 4 степени, па организаторите обезбедија медали за сите, истакнувајќи дека победник е секој што трчал во долна облека.

 

Scroll to Top