Бонтон за службеничките на Хвар: Не доаѓајте без градници!

Вработените во општината во Стариот град на Хвар пред неколку дена на работните маси ги дочекало упатство за пристојно облекување на работа, кога одат на состаноци, ама и совети за лична хигиена: мора да имаат чисти нокти и коса и да не носат секси облека.

„Не верувам дека некој ќе се лути, ова се само препораки кои би требале да се почитуваат во секоја институција“, изјавила Силвана Сансеовиќ, претседателката на градското собрание на Стариот град на Хвар за „Слободна Далмација“.

Таа ја потпишала пораката со која на мажите им се препорачува да бидат облечени во класичен костум со или без вратоврска, да носат панталони наместо фармерки, чисти чевли, да имаат средени нокти и коса, средена брада и мустаќи и редовно да се капат. Треба да се избегнуваат маички на прерамки и апостолки, мрежести блузи, а под облеката жените секогаш да носат градник. Не се препорачуваат ниту гол грб и рамена, проѕирни ткаенини, куси панталони, облека преку која може да се види долната облека и слично.

„Ова се само вообичаени работи што потекнуваат од домашното воспитување, обичен бонтон прифатен од западната цивилизација“, додала Сенсеовиќ.

Според магазинот „Форбс“, остреовот Хвар беше прогласен меѓу десетте најсекси острови на светот. Последниве неколку години Хвар е и редовно свратилиште за светските џет-сетери.

Scroll to Top