ФОТО: Тешко дека сте виделе оглас за работа како овој

Ако имате проблем со пронаоѓањето на работа или пронаоѓање на работници преку традиционалните огласи, можеби ќе ви помогне идејата на еден работодавец во Сплит.

Имено, таму на една зграда се појави новата верзија на оглас за работа во облик на транспарент. „Барам собарка“, напишал непознатиот жител или жителка на Сплит, на белото платно обесено на балконот.

 

Фотката се појави на популарната Фејсбук страница Дневна доза на просечниот Далматинец, и ги насмеа многу од обожавателите на страницата кои коментирале: „Плати ја, па можеби нема потреба да ја бараш“. „Кој знае, може му се изгубила, можеби никогаш нема да ја најде…“

 

Scroll to Top