(Фото) Црногорци со некролог се простија од Хефнер

Смртта на основачот на списанието „Плејбој“ толку многу потресе двајца Црногорци што објавија некролог во дневниот весник „Победа“.

„Долгогодишен пријателу и идолу наш, веста за твојата смрт нè потресе длабоко. Не сме подготвени за твоето заминување, ама, како што вели нашиот народ, нема да бидеш заборавен. Вечна ти слава и фала ти“, пишува во некрологот.

Ова не е првпат граѓаните на овие простори да објавуваат некролози за познати личности. Во Македонија пред неколку години неколкумина граѓани на овој начин се простија од Мајкл Џексон.

Scroll to Top