Градоначалникот на Радовиш ги чести колешките од Општината фигаро за коса

Градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, ќе ги чести жените фигаро за коса за Денот на жената, 8 Март. Ова стои и во огласот што го објави Општина Радовиш – оглас за доделување договор за јавна набавка на подароци за Денот на жената, 8 Март. Според објавата на Бирото за јавни набавки за потребите на Општината, се работи за 45 фигаро-апарати за коса и договор во вредност од 42.300 денари без ДДВ. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Scroll to Top