Мажот е господар дома, жената мора да слуша!

Далечната 1955 година во Југославија бил испечатен прирачник за жени под името „Домашна економија“. Во прирачникот има совети за тоа као треба да се однесува жената за мажот секогсаш да биде среќен и задоволен.

„Подгответе вечера на време. Планирајте ја наутро или дури претходниот ден за вашиот сопруг да дочека вкусен оброк кога ќе се врати од работа“, стои во прирачникот.

Подгответе се за вашиот сопруг

Одморете се 15 минути пред неговото доаѓање дома за да бидете свежи кога тој ќе стигне дома. Поправете ја шминката, ставете лента за коса и изгледајте свежо.

Намалете ја вревата

Кога вашиот сопруг ќе се врати од работа, исклучете ги сите домашни апарати и поттикнете ги децата и тие да се стишаат. Бидете среќни што го гледате. Послушајте го, иако можеби морате да му кажете многу нешта, немојте тоа да го правите по неговото доаѓање дома. Нека зборува прво тој, сигурно има поважни нешта на ум од вас.

Не пречете му

Не жалете се ако вашиот сопруг дојде доцна навечер или ако сака да оди на вечера без вас. Не сомневајте се во неговата способност на расудување или интегритет. Не заборавајте дека тој е господар на куќата и како таков секогаш ќе ја спроведува својата волја чесно и праведно.

Запомнете, добрата жена си го знае своето место, пишува во објавата.

 

Scroll to Top