На „Мудијада“ во Кочани ќе се готват тестиси

„Мудијада“ е гурмански несекојдневен настан, фестивал за храна, кој ќе се одржи во Кочани на 10 и 11 ноември. На фестивалот ќе се готват јадења од бели бубрези, односно тестиси од животни, а на менито се свински, телешки, јагнешки и тестиси од бик по разни рецепти, велат организаторите.

„Фестивалот на храна подготвена од бели бубрези претставува откривање рецепти од заборавени древни јадења, кои некогаш се подготвувале на овие простори. Малкумина знаат, на пример, дека Марко Крале јадел специјалитети богати со протеини кои се идеален афродизијак. Поентата е да собереме што повеќе древни традиционални рецепти, да ги оживееме, но и да се забавуваме“, велат од „Кмат бар“, каде што ќе се одржува гурманската манифестација. Оваа манифестација се организира по идеја на „Мудијада“ во Србија, фестивал што таму се организираа неколку години по ред.

Scroll to Top