Невеста избега од венчавката со 14 илјади евра

Младоженец од Англија и неговите 29 пријатели останаа без пари кога невестата побегнала со 14 илјади евра кои биле наменети за свадбената прослави. Таа ги оставила сите на цедило на аеродромот од кој требало сите да летаат за Ибица на свадбена прослва.
Крис Махоне (27) требало да се венча со 29-годишната Рејчел Доран, па друштвото им се собрало на аеродром пред летот за Ибица, каде што во еден хотел требало да се одржи четиридневната венчавка. Но, набргу откриле дека невестата, која на себе ја презела грижата за организацијата, не резервирала карти за авион, ниту сместување во хотел, иако сите ѝ дале пари.
Невестата наводно ова го направила од одмазда зашто мислела дека Крис ја мамел.

Scroll to Top