Ова е човекот кој ги носи фамозните влечки во кои се загледа Роналдо

На социјалните мрежи се појави фотографија од тренингот на Реал во Скопје, на која наместо Роналдо во прв план беа познатите влечки „малтерки“.

На фотографијата е славниот фудбалер со постар господин, кој се најде на критика од јавноста поради неговите влечки, иако на Роналдо очигледно му беа интересни па се загледа.

Еден ден подоцна на Фејсбук беше објавено кој е човекот со „малтерките“.

Станува збор за чичко Владо, кој е заслужен за тревата на стадионот со години да изгледа совршено. Целиот статус прочитајте го во продолжение.

Scroll to Top