Прилепчани ги смениле ознаките на трката „Крали Марко“ за да се изгубат маратонците

На вчерашниот планинарски ултрамаратон „По стапките на Крали Марко“ во Прилеп и Трескавец локалните жители ги менувале маркичките на патеките. Со ова им ја отежнале трката на маратонците, а неколкумина се изгубиле на планинскиот терен. Трката се трча по планински терен на патеки од 16, 31, 65 и 110 км.

Организаторите велат дека годинава локланите жители се надминале до таму што ако маркацијата покажувала насока надолу, тие ја ставиле да покажува нагоре.

Тркачите не можеле да се снајдат дури ни со џи-пи-ес. Се изгубиле, а најдолгата трка почнува во 23 ч и се трча ноќе во планински терен.

На оваа трка учествуваа стотици тркачи од целиот свет. Меѓу нив и министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој трча под реден број 525 по патеката Камена Баба, која е долга 31 километар и спаѓа во потешките патеки.

Scroll to Top