Радовишанки останаа без фигара за коса

Градоначалникот на Радовиш Герасим Конзулов го поништи тендерот за набавка на фигара за коса, кои планираше да ги дава како подароци за 8 Март на колешките во Општината.

Откако вчера беше објавен огласот дека Општина Радовиш бара 45 фигара за коса, и за тоа треба да се потрошат 700 евра од општинскиот буџет, како подарок за општинарките за Денот на жената, денес на сајтот на Бирото за јавни набавки, набавката е поништена.

Scroll to Top