Реклама на сметка на Црногорците ги воодушеви дури и нив

Постар маж во традиционална црногорска носија, фотографиран пред маркет, може да биде доволна реклама за голем број продавници, но исто така е двојно повпечатлива кога на неа на билбордот ќе прочитаме малку хумор.

Овој пат Црногорците се пошегуваа на своја сметка повикувајќи ги купувачите да побрзаат на акција, но не работна. Како што е познато, Црногорците се „вреден народ“ и сигурно дека оваа порака во најмала рака ги насмеала, а некои можеби и ги натерала да го посетат токму овој маркет.

Како и да е, не останала незабележана.

Момците од T&T brand factory, кои ја осмислија оваа реклама, велат дека и самите се изненадени со одличниот одѕив и позитивни реакции.

 

Scroll to Top