СДСМ нуди живот за сите во Бутел!

Новиот постер на СДСМ за локалните избори кој се појави од вчера за општината Бутел предизвика многу реакции кај граѓаните. На социјалните мрежи се коментира сѐ и сешто.  Мотото на СДСМ, „За живот насекаде“, кога ќе се стави во Бутел, добива друга конотација. Многумина коментираа дека СДСМ ќе нѐ чека сите да умреме.

Се појавија и коментар од типот: „Живот во Тетово. Живот во Крушево. Живот во Аеродром. Парцела во Бутел“.

Мотото за подобар живот со новиот постер за локалните избори, веројатно, е несреќно решение во кампањата на СДСМ кога се однесува за општината Бутел.

Scroll to Top