Сопругот ја породил во болнички ходник

Џес Хоган пред неколку дена станала мајка шести пат. Но, светското внимание го привлече фактот што се породила во болничкиот ходник пред да стигне во салата за породување. Не ја породил лекар или бабица, туку сопругот.

Џес на патот кон болницата почувствувала дека можеби нема да стаса навреме. Кога влегле во болницата, таа знаела дека бебето се раѓа, му кажала на својот сопруг, кој ѝ помогнал да се породи во помалку од две минути. Самото породување го снимила Теми Карин.

„Тоа беше моето најлудо, но и најубаво породување. Иако далеку од сите мои сништа и планови, сè беше совршено! Породување без интервенција, природно и прилично лесно, со здраво бебе и неверојатна поддршка од луѓето од сите страни. Беше убаво и засекогаш ќе го сакам секое сеќавање на оваа случка“, рекла таа.

 

Scroll to Top