Србин кој продава мобилен преку оглас, ја насмеа цела држава

Духовит Белграѓанин, со огласот за продажба на својот телефон, на домашен сајт за купување и продажба, ги насмеал гoлем број на граѓани.

Во огласот стои:

„Работите кои ги нудите, велосипед, компјутери, препарирани животни, и препарирани делови од тело на животни, саксии, теписи, мачки, кучиња, ножеви, сабји, гасни пиштоло, гардероба, сребрени ланци, ракавици, сони плеј стејшн, и кој знае уште што, јас тоа го ценам едно евро. Колку тоа вие да ме убедувате дека сето тоа ми е потребно и дека ќе бидам презадоволен, мене тоа не ме интересира, и ми вреди само едно евро. Венчаницата и оделото не ги носам и тоа не ми е потребно“, пишува продавачот во својот оглас порачувајќи им на потенцијалните купци дека не е расположен за таква трампа.

Тој во огласот го додава и следното:
„Се разбира не прифаќам во замена ни цветовите како висибаба, љубичица, тоа не ме интересира и не ми ги нудете во замена ниту вашите жени, затоа што оваа мојата веќе не можам да ја слушам, а камоли па туѓите, и не ме интересираат телефони кои се погодни за рима. Не земам ни телефони кои се расипани или претходно паднале во вода, без разлика дали се слатки или солени, и кои повеќе време минале во вода од нивните сопственици. И немојте да ме убедувате дека така сте ги купиле затоа што никогаш досега не сум слушнал да било која фирма има продавница во Дунав, Сава, Јадранско или Егејско море“, напоменува овој трговец.
„Кучиња, мачки и останати животни не земам. Кога ќе измислат кучиња и мачки со минимум еден гигабајт рам меморија да имаат камери, слушалки, микрофон, и да со нив може да се сврти некој број на телефон, тогаш јавете ми се и ќе се договориме. Се разбира колку и да се расни мораат да имаат документи и мораат да бидат исчистени од паразити“, заврши тој.
 

Scroll to Top