Тригодишно момче им седело на патниците на глава, а мајката не превземала ништо

Тригодишно момче, цели осум часа ги малтретирал патниците кои во август од Германија летале кон Њу Џерси. На ваквиот настан сведочи и снимката која на Јутјуб ја објави уметникот Шејн Танлејн, а видеото стана светски популарно.

Таунлејн, однесувањето на момчето го опишал како демонски. Причината за тоа е што момчето вриштело, се качувало на глава на другите луѓе, трчало низ авионот, се качувало на седиштата и на патниците буквално им висело на глава.

Шокирачко е тоа што мајката на детето не направила ништо за да го смири, а ниту стјуардесите не успеале да излезат на крај со него, иако на сите можни начини се обидувале да му удоволат.

Иако патниците се држеле за уши, премногу не се вознемириле од настанатата ситуација.

Видете:

 

Scroll to Top