(Видео) Мајмуни во Индонезија крадат од џебовите на туристите

По сѐ изгледа џепчиите се активни во сите земји во светот. Мора да се признае, многу е непријатно чувството што секој од нас го има кога ќе сфати дека му недостига некоја лична работа. Сепак, работите се уште позагрижувачки кога сте свесни дека некој ве ограбува, а не можете да направите ништо во врска со тоа.

Во ваква ситуација се нашол еден млад турист додека бил на одмор во Индонезија. Додека шетал низ шумата, мајмун слегол на неговото рамо и како да знаел по што е дојден, ја ставил раката во отворот на задниот џеб од паталоните, го извадил паричникот на туристот и потоа со својот плен заминал во дивината.

Scroll to Top