(видео) Му подарила на братот запалка во облик на клучеви од „мерцедес“

Антонија Брн од Кројдон во Велика Британија за новогодишните празници му подарила на својот брат подарок во облик на клучеви од „мерцедес“.

Поточно, таа му подарила нешто што изгледа како клучеви за „мерцедес“, а неговата реакција, откако увидел за што станува збор, ја снимила и ја прикачила на „Фејсбук“ каде што видеото го забележале над десетина илјади луѓе.

Антонија му приредила на својот брат Божиќ што никогаш нема да го заборави. На видеото се забележува како момчето ја отвора кутијата и одеднаш се фрла на кревет и почнува да се движи низ собата викајќи: „Нема шанси, нема шанси!“ Притоа не ја симнува насмевката од лицето.

Но, потоа следи големото непријатно изненадување кога сестра му му предлага да го погледне дното на клучевите кои ги држи в раце и да притисне на копчето. Во следниот момент, Вилијам пребледува. Сфаќа дека всушност станува збор за запалка во облик на клучеви за „мерцедес“, по што бесно го фрла и бега од собата.

Антонија на видеото напишала:

„Кога твојот брат мисли дека има ‘мерцедес бенз’, а всушност има само нова запалка“.

 

Scroll to Top