(ВИДЕО) Охриѓанка го најде чарето на сексот – до оловото е!

Видеото во кое извесна охриѓанка одговара на анкетно прашање: „Што се венерични болести?“ од вчера е хит на социјалните мрежи. Анкетата е правена низ охриската чаршија, а ја пренесе порталот Охрид 1. Жената се потруди да објасни, па наспроти тврдењато на науката дека венерична болест е полово пренослива, односно сексуално пренослива болест, таа го најде чарето од друга гледна точка.

„Од месеците је, некогаш некои месеци сeшто испуштаат кислород, човекот не може без кислород, ама па и од многу кислород. Ми се чини дека тие испуштаат олово. Е тоа речиме, олово, а тоа е претешко и за човекот, за масти во организмот, крвта се густит… ете тоа го дишиме“, објасни охриѓанката.

Наспроти нејзиното мислење, науката има друго објаснување за венеричните болести, со дефиниција дека „венерична болест е полово пренослива болест (ППБ), сексуално пренослива болест или болест која може да се пренесе меѓу лица или животни преку полов однос, вклучувајќи вагинален однос, орален секс и анален секс“.

Scroll to Top