(Видео) Пингвини направиле случајно селфи на Антарктикот

Денеска луѓето и стари и млади и познати и анонимни, просто се тркаат за да направат подобри селфи фотографии. Како што стојат работите, изгледа дека и пингвините сакаат да се приклучат во оваа трка.

Два радознали пингвини од колонијата Остер на Антарктикот, снимија едно селфи, а видеото го објави Австралиската антарктичка дивизија.

Два царски пингвини откриле камера која членот на експедицијата Еди Голт ја оставил на ледот во близина на колонијата на овие „ледени птици“, и успеал да направи кратка видео снимка.

Иако всушност не се работи за вистинско селфи, затоа што камерата веќе снимала, комичната видеоснимка, веднаш го освои интернетот.

Scroll to Top