(Видео) По Елон Маск и Марјан Стојановски отпатува со „БМВ“ во вселената

Низ социјалните мрежи се појави видео од пејачот Марјан Стојановски кој со своето БМВ отпатува во вселената за понатамошни истражувања и опстанок во вселената.

Многу веројатно е дека креаторот на ова видео добил инспирација од неодамнешното орбитирање на автомобилот на Елон Маск, со кој ги исмеа сите кои сметаат дека Земјата е рамна.

Екипажот е скромен, се состои од едно цеде со мп3ки од македонската музичка сцена и е предвидено да орбитира 9 дена. Подетални информации за состојбата во текот на другата недела.

„Скромен чекор за Македонија, голем подарок за човештвото!“, пишува под видеото.

Scroll to Top